Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Одржана десеттата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

Како ко-претседавач на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, на 22 февруари 2024 година ЕСЕ учествуваше на десеттата седница на Советот. На оваа седница активно учество земаа 8 членови и 2 заменици членови на Советот за ПОВ (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации).

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, беше отворена дискусија за апликацијата на Општина Кисела Вода за иницијативата Партнерство за отворена власт на локално ниво (ПОВ Локал), поддржана од младинската организација КРИК и Меѓународниот републикански институт, а за која Советот за ПОВ требаше да се произнесе дали постои ризик за угледот на ПОВ за кој ПОВ Локал треба да е информиран при разгледување на апликацијата на Општина Кисела Вода. Под ризик се подразбира дали апликантот постапил спротивно на Декларацијата за отворена влада во однос на сериозни прекршувања на интегритетот, потиснување на граѓанското учество или недостиг на отвореност и транспарентност.

Членовите на Советот за ПОВ врз основа на нивните сознанија се произнесоа дека Општина Кисела Вода не претставува ризик за угледот на ПОВ. Со оглед дека процесот на локално ниво заостанува зад ПОВ процесот на национално ниво, со поддршка на оваа апликација ќе се овозможи промовирање на оваа иницијатива меѓу општините. Дополнително, се отвори дискусија дека е потребно за следниот круг за ПОВ локал за две години (кога ќе можат да аплицираат нашите општини), Советот за ПОВ и Мрежата за ПОВ да работат на стимулирање на општините со цел да има поголема заинтересираност од нивна страна за учество во оваа иницијатива.

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre