Преку петицијата граѓаните бараат во Поликлиниката во Шуто Оризари да бидат обезбедени:
- Пункт за итна медицинска помош.
- Дополнителни две ординации со матични лекари.
-Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија.
- Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика).
- Зголемен број на патронажни сестри.
- Опремување на Дежурната служба
Ве повикуваме да ги подржите барањата со што ќе придонесете кон поквалитетна здравствена заштита на населението во Шуто Оризари, преку потпишување на електронската петиција на следниот линк https://chng.it/LPpyWwHKcY
Организации креатори на иницијативата се Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе од Шуто Оризари, Скопје; Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ од Шуто Оризари, Скопје; и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ од Скопје.
Додека организации поддржувачи на иницијативата се Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје; Здружение Рома Прогрес.