Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за ангажирање на четири креатори на содржини на социјални медиуми

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ КРЕАТОРИ НА СОДРЖИНИ НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Кон што се стреми?

www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, Pogon има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ).

Како (на кој начин) им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

  • Обука на жени кои претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • Обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • Помош при пласирање на производите под брендот на Pogon.
  • Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на креатори на содржини на социјални медиуми за подготовка и промоција на видеа за промовирање на работата на ПОГОН.

Односно, повикот се однесува на подготовка на по две видеа за:

Цел 1. Промовирање на ПОГОН како платформа која овозможува простор за изложување и продавање на уникатни производи (Накит - филигран, смола, глина, дрво, итн.; Украси за домот здели, чинии, прибор, даски, итн.; и Облека подготвена по мерка и во еден примерок; или Козметика) помеѓу креативни и индивидуални производители. Таргет група: производители и продавачи на рачни изработки.

Цел 2. Промовирање на ПОГОН како платформа каде можат брзо и сигурно да се купат уникатни производи од македонски креативци (Накит - филигран, смола, глина, дрво, итн.; Украси за домот здели, чинии, прибор, даски, итн.; Облека подготвена по мерка и во еден примерок; или Козметика) – Таргет група: жени од 25 до 55 години.

 

Во рамки на повикот ќе се ангажираат четири креатори на содржини (по двајца за секоја од наведените цели).

 

Секое од ангажираните лица треба да:

  • Подготви предлог кратко видео (говор и слика), согласно целта за која е избран.
  • Го достави предлогот до ЕСЕ за прегледување и одобрување.
  • Го објави во два наврати со линкување на ПОГОН.
  • Достави извештај со статистика за прегледите.

Креираните видеа по нивното објавување ќе бидат во сопственост на ЕСЕ и ЕСЕ ќе може да ги користи за свои потреби.

 

Лицата кои сакаат да конкурираат на овој повик, потребно е во не повеќе од една страница да достават:

  1. Кратко објаснување на идејата за изработка на видеото согласно целта за која аплицираат; и  
  2. Информација за структурата на своите следбеници по пол и возраст.

Изборот на лица ќе се направи врз основа на креативноста на предлог идејата за видеото, бројот на следбеници (оној кој има поголем број на следбеници) и бројот на следбеници согласно таргет групите наведени под цел 1 и цел 2.

За ангажманот на лицата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 80 EUR преку проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа” што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од донаторите. Исплатата на надоместокот ќе се изврши во една транша по спроведувањето на претходно наведените активности.

 

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса   This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  со назнака „Повик за креатори на содржини – ЦЕЛ 1 или 2”, најдоцна до 28 февруари 2023 година.

 

                             
 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre