Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Студија на случај - Општина по мерка на граѓаните: Иновативен пристап за транспарентни, отчетни и инклузивни општини

Децентрализацијата и пренесувањето на надлежностите од национално на локално ниво значително ја зголемија одговорноста на локалните самоуправи во обезбедувањето јавни услуги и услови за живеење и ја наметнаа потребата за унапредување на нивните капацитети за самостојно располагање и управување со ресурсите и за зголемување на отчетноста и транспарентноста кон граѓаните. Недоволната комуникација и соработка со граѓаните и отсуството на механизми за нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки, исто така, се предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи.

Спроведените процеси за оценување на капацитетите на општинските совети идентификуваат повеќе можни полиња за унапредување на планирањето и трошењето на јавните средства. Ова особено се однесува на препознавањето и вклучувањето во општинските буџети на потребите на: етничките заедници, жените, лицата со попреченост и други групи граѓани. На пример, лицата со физичка попреченост вообичаено се соочуваат со физички бариери и немање можност за електронско користење на услугите. Приближно 70% од веб-страниците на 11 општини, кои биле предмет на анализа, овозможуваат интеракција и се пристапни за лицата со попреченост.

Повеќе...

Студија на случај - Општина по мерка на граѓаните: Иновативен пристап за транспарентни, отчетни и инклузивни општини

 

 
            

 

 

 

 
   
 
 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre