Здружението ЕСЕ континуирано работи на унапредување на судската заштита на жените што претрпеле семејно насилство со посебен осврт на олеснување на пристапот до постапки по семејни спорови. Препознавајќи ја важноста и итната потреба на жените за решавање на правните проблеми од семејното насилство, ЕСЕ од 2019 година презеде првично истражување за да го утврди влијанието на судските такси и трошоци и да ја утврди информираноста за практикување на законските можности за ослободување од судски трошоци кај жените што претрпеле семејно насилство. На ова поле имаме за цел да ја утврдиме актуелната состојба и да ги идентификуваме пречките со кои се соочуваат жените додека се обидуваат судски да ги решат правните проблеми како последица на претрпеното семејно насилство.
Влијанието на судските такси и трошоци и информираноста за ослободување од плаќање судски трошоци како пречка или можност до судска заштита за жени што претрпеле семејно насилство